Соопштение за јавност
„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста за состојбите во државата.
Филипче рече дека наместо одговори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, Мицкоски се се заканува.
„Се заканувате тука со одговорност, со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши. Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате“, порача Филипче.
Тој посочи дека власта нема одговор на критиките за состојбата со корупцијата и влијанието врз независноста на судството.
„Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство“, истакна претседателот на СДСМ.
Филипче ја критикуваше и одлуката на власта за предлог-закон со кој, планира трошење 20 милиони евра со заобиколување на системските закони за јавни набавки.
„Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Кој премиере е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи“, рече Филипче.
Линк до видео:

