Филипче: Власта повторно доцни за Гостивар, дури денеска реагира за опаноста од жолтица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Власта повторно покажа дека реагира задоцнето кога станува збор за здравјето на граѓаните, наместо навремена превенција, институциите се разбудија дури откако епидемијата во Гостивар доби сериозни размери, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми.

Филипче посочи дека дека сите реакции на Владата се задоцнети и дека Министерството за здравство дури сега носи некакви препораки кои требаше да бидат донесени многу порано.

-Водата во Гостивар е показател дека сите реакции се задоцнети. Дури денеска Министерството за здравство носи некакви препораки за рано детектирање и откривање симптоми, детекција на пациенти, кога веќе епидемијата има многу силен замав. Сега стигнуваат препораки од Комисијата за заразни болести, денеска Пред две недели предупредив дека следно што може да се јави е хепатит, , рече Филипче.

Претседатеот на СДСМ нагласи дека Владата покажа максимална несериозност и импровизација, и укажа дека институциите немаат одговор ниту за дополнителните превентивни мерки кои треба да се преземат за да се спречат нови последици по јавното здравје.

-Максимално несериозна импровизација и задоцнета реакција. Дополнително, нема ниту одговор какви превентивни мерки се преземаат за тоа што евентуално може да се јави како резултат, како компликација на сегашната состојба. Ако има таква вода, следно се нечисти раце, нечиста вода, следно е хепатит. Тоа се знае. Тоа се учи во средно медицинско училиште, не се учи на факултет, порача Филипче.

Филипче посочи дека е недозволиво граѓаните да добиваат препораки да користат техничка вода, без институциите да дадат одговори на најважните прашања, од каде доаѓа таа вода, кој ја контролира и како се гарантира нејзината безбедност.

-Има вода која е загадена со колиформни бактерии, која не само што не е за пиење, туку не е ни за туширање, а се дава препорака да се користи, замислете, техничка вода. Како ќе ја користат? Од каде е таа техничката вода? Кој ја контролира техничката вода? Од каде рестораните имаат техничка вода? Храната се мие со таа вода. Како стигнува водата до луѓето? Кој е овој степен на импровизација?, рече Филипче

На брифингот Филипче нагласи дека наместо транспарентни и јасни информации, власта направи целосната конфузија и дава контрадикторни изјави, а граѓаните не знаат кому да му веруваат.

-На кого да му веруваме, на Клековски или на Христијан? За техничка вода ќе биде или нема да биде? Контрадикторни изјави, рече Филипче.

Воедно, на брифингот, Филипче предупреди дека и на можните ризици со безбедноста на водата во Скопје, и побара надлежните институции јавно да одговорат дали се проверени бунарите што го надополнуваат системот Рашче.

-Во Скопје, според моите информации, во сливот на Лепенец во Вардар се наоѓаат бунари, а со тие бунари се надополнува Рашче за цело Скопје. Таму каде што беше пената. Ги проверува ли некој тие бунари? Загадени ли се бунарите или не се загадени? Нема никој да нè обвинува дека шириме паника ако поставуваме логични прашања, рече Филипче.