Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче
Почитувани граѓани,
Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија.
Нивната жртва не беше за изолација.
Не беше за страв.
Не беше за поделби.
Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина.
Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат.
Македонија не смее да остане заробена во минатото.
Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе.
Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина.
Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес.
За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите.
За Македонија која е дел од европското семејство – слободна, демократска и просперитетна.
Илинденците се бореа против тиранијата на своето време.
Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место.
Ние се сеќаваме на минатото.
Но ја избираме иднината.
За многу години Илинден!
Да живее Македонија.
Линк до видео:



