Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод големиот празник 2-ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник на АСНОМ, на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство.

За многу години Илинден! Да живее Македонија!