Соопштение за јавност
По повод големиот државен и национален празник 2ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Александар Трајановски, заедно со членката на Извршниот одбор Симона Цветановски и советничката во Советот на Скопје, Кети Штерјова, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје.
За многу години Илинден! Да живее Македонија!






