Соопштение за јавност
Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата – но тие се тајна.
Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани?
Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“.
Да потсетиме:
• Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“.
• Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани.
• Истиот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е одлична работа – не само за безбедноста на граѓаните, туку и за странските инвеститори (кои ги избркаа – инвестициите паднаа за 60% откако ВМРО-ОКГ ја превзеде власта).
Значи сите тројца го потврдија успехот на претходната влада и ја пофалија нејзината дипломатија.
За какви „попуштања“ зборува Муцунски?
Нивните лаги повеќе не се ни креативни. Нема веќе материјал за креативност.
Граѓаните ги прочитаа.
И уште нешто важно: претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), беше пред сѐ транспарентна.
Не работеше зад затворени врати и далеку од очите на јавноста.
Единствена „тајна“ беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас – истата што продолжува и денес.
Прашањето до граѓаните на Македонија е едноставно:
После сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, после сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат – Дали му верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во име на граѓаните и нивната иднина?
Дали му верувате на Мицкоски?


