Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ повторно лаже. Како и секогаш.
Тврдат дека лицето кое полицијата го легитимирала во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта.
Тоа не е точно.
Лицето (С.Г. – родено 1974 година во Кочани), е македонски државјанин и има македонска лична карта.
Обична, класична лага на ВМРО-ОКГ.
Кај Мицкоски сѐ е лага.
Незадоволството кај македонски граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски.
Вчера, на денот на државноста, повторно го нарече народот „талог“.
Денес повторно го повторуваат во соопштение.
Па кој шири поделби и омраза во Македонија? Мицкоски.
Кој има странска агентура во Владата? Мицкоски.
И тоа не било кој – до вчера вториот човек во Владата, денес министер што ги контролира сите локални самоуправи. Човек на Вучиќ, човек на странски служби.
Кому антиевропскиот Латас, човек на српските служби, му е уредник на речиси сите медиуми во Македонија? На Мицкоски.
ВМРО-ОКГ нема ниту една изјава во која не лаже, не измислува и не прави пропаганда.
Сѐ што им остана е да навредуваат и да сеат омраза.



