Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.

Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување.

Стерилизаторите не работат поради загадената вода.

Операции, ортопедија, гинекологија, урологија – сѐ е блокирано.

Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени.

Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина.

Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста – затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност.

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече.

Сакаше да изгледа како спасител.

Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија.

Три цистерни вода за град од 50.000 жители.

Тоа е сѐ што понудија.

Сега ја отруја и болницата.

Го загрозија целото население.

Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски.

Обвинителството мора веднаш да реагира.

Ова повеќе не е само неспособност.

Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани.