Соопштение за јавност
Мицкоски праќа тепачи на млади активисти. Создава хаос. Шири страв.
Зошто?
Затоа што повеќе не може да ја оркие вистината, не може да го сокрие она што самиот Тимчо Муцунски го најави – преговори „под радарот“ за прифаќање на францускиот предлог.
Тоа е тајниот план.
Таен – затоа што мора да се скрие од гласачите на ВМРО.
На лаги ги добија последните избори.
Ветија дека нема да има отстапки. Ветија дека ќе најдат „подобра преговарачка позиција“.
Сега мораат да признаат дека СДСМ беше во право од самиот почеток.
Затоа им треба хаос.
Затоа праќаат насилници.
Затоа напаѓаат млади што само носат транспарент за труењето во Гостивар.
Кога вистината излегува – останува само сила и страв.
Мицкоски и Муцунски знаат дека лагите повеќе не држат.
Затоа сега избираат насилство.
Но народот веќе ги прочита.
И граѓаните на Македонија не се плашат.
Доаѓа времето на вистината и правдата.
Наскоро власта повторно ќе биде во рацете на народот.
Народот ќе ја победи организираната криминална група!


