Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор
Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.
Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ.
Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“.
Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски – Драган Павловиќ Латас.
Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ – сега оди во уште полоша форма.
Ниво на сеење омраза и бес.
Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник.
Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура.
Само неколку ќе споменам:
• кловновска дружина
• комуњарско коњиште
• духовен изрод
• евтин хохштаплер
• смешен кловн со две леви нозе
Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза.
И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил.
Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски!
Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село – само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар.
Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век.
Фашистички методи во 21 век во Македонија.
Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата.
Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се!
Македонија нема ова да го дозволи.
Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата!
Македонија ќе победи!


