Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ денеска повторно се фали со „бројки“ и тврди дека СДСМ ширел паника за инфлацијата.
Ајде да ги видиме тие „деманти“:
27 март – Филипче вели: цените на храната растат секој ден.
Реалност: инфлацијата во април достигна 5,7%.
Граѓаните плаќаат повеќе за леб, масло, млеко и месо.
На граѓаните не им треба статистика – им треба полн фрижидер.
22 април – Филипче предупредува, спиралата на поскапувања е започната.
Реалност:
Бензинот беше 70 денари – денес 91 денари за литар.
Дизелот беше 65 денари – денес 100 денари за литар.
Треба ли уште објаснување?
21 јуни – Филипче вели дека Владата потфрли и дека растот на цените е огромен.
Реалност: откако сè веќе поскапе, сега се фалат дека поскапувањето забавило. Класика.
ВМРО вели: „Ама просекот е понизок од 2022 година!“
Реалност: споредуваат со една од најтешките светски кризи – пост-ковид, почеток на војната во Украина и енергетската криза.
А не споредуваат што граѓаните можат да купат денеска со истата минимална плата од околу 400 евра.
Ете како ВМРО ја пласира својата статистика.
14 јули – Филипче повторно укажува на пад на стандардот и нова спирала на поскапувања поради горивата.
Реалност: дизелот е 100 денари, минималната плата во Македонија е најниска во Европа.
И ако ВМРО сака да ја споредува 2022 година со денес, тогаш да споредиме и цени:
• Млеко – поскапено околу 50%
• Леб – поскапен околу 60%
• Ориз – поскапен околу 70%
• Јајца – поскапени околу 60%
• Месо – поскапено меѓу 50 и 70%
И што сега, ВМРО?
Морате да сфатите дека бројките што Мицкоски ги црта по табла како Вучиќ, и соопштенијата што ви ги пишуваат Манасиевски и Петрушев, повеќе не поминуваат.
Ова е истата логика како и досега:
• Трета економија во Европа, а луѓето немаат за леб,
• Најголема куповна моќ, а фрижидерите се празни,
• Буџетот е во одлична кондиција, а секоја недела ново задолжување (државата ја задолжија со 2,5 милијарди евра за две години),
• Инфлацијата е под контрола, а сè што се јаде и пие чини повеќе,
Бројките на Мицкоски живеат во презентации. Граѓаните живеат во продавница.
И таму статистиката е јасна: паричникот е потенок, а сметките се подебели.
Продолжете да се фалите со проценти.
Народот веќе одамна ве мери со празни кеси.



