Соопштение за јавност
За Мицкоски само небото е граница. Ова веќе станува толку смешно, што кога не би се работело за животниот стандард на граѓаните, би можеле само да се смееме.
Според Мицкоски и неговата криминална група ВМРО, Македонија е рај:
• Трета економија во Европа (без коментар)
• Прва по туризам (можеби поради екскурзијата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски).
• Лидер во авио-сообраќајот (откако две авиокомпании ги укинаа линиите за Скопје)
• Прв аеродром во Европа (најверојатно затоа што младите бегаат од земјата)
• Македонската економија е најбрзорастечка (луѓето тонат во сиромаштија, немаат за леб)
• Минималната плата е најбрзорастечка (платите останаа 400 евра – македонскиот работник има најниски во Европа)
• Куповната моќ е најголема (Граѓаните најдобро знаат дали ова вистина)
• Најевтино гориво (дизелот достигна 100 денари)
• Најефикасни мерки за поевтинување (на секоја најава за мерки – сè поскапува)
• Континуиран раст (на криминални тендери)
• Индустриски раст (фабриките се затвораат BMZ и Artex, 3% помалку вработени)
• Инвестициски бум (инвестициите паднаа повеќе од 60%)
• Седум квартали раст на БДП (Во последниот квартал само 0,3%. Трендот е забавување, а не забрзување).
• Зголемени пензии (пари за пензии нема, а вториот столб сакаат да го национализираат)
• Буџетот во одлична кондиција (секоја недела ново задолжување, дефицитот на средина од година го потрошија)
• Намален долг (државата ја задолжија со над 2,5 милијарди евра само за две години)
• Државата е заштитена од енергетски шок (ММФ забележа дека ги користеле државните резерви на енергенси за да го ублажат шокот).
Има ли некој што е подобар од Мицкоски?
Нема. Можеби само Вучиќ – бидејќи него го копира и црта на табла исто како него.
А кога некој ќе почне да црта на табла, народот вели:
„Толку ли си глуп што морам да ти нацртам?“
Граѓаните не се слепи, ниту пак се глуви. А најмалку се наивни.
Тие имаат своја секојдневна статистика, најдобро знаат како живеат овие две години – со празен паричник и фрижидерот.
Изгледа Мицкоски бил првиот човек на Месечината.
Веројатно затоа што рускиот космонаут одел со Лајка во посадата.
Небото е граница за Мицкоски.



