Повторно алармантна ситуација – пола Влада и Мицкоски на екскурзија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека во Скопје и околината се шири западно-нилска треска, а во Драчево е регистриран најголемиот
број заболени, надлежните најавуваат дезинсекција дури во вторник.

Од 26 регистрирани случаи во државата, 25 се од Скопје. Најмногу во Драчево. Едно лице почина.
Повеќето заболени се мажи над 60 години.

Болеста е тешка, завршува со хоспитализација и невролошки компликации.

И во оваа ситуација, истиот пристап.

Нема сериозен, професионален и навремен одговор.

Нема претходна превенција.

Немаше системско прскање кога требаше.

Има само реакција откако веќе има заболени и починати.

Во меѓувреме, премиерот Мицкоски и дел од Владата се на екскурзија.

Пет недели цел Гостивар се труеше, Мицкоски не дојдоа таму, тој е на екскурзија.

Сега комарци шират опасна болест, повторно истиот однос на Владата.

Наместо да се занимаваат со реалните закани по здравјето на граѓаните, се занимаваат со сè друго.

Тендери, пропаганда, поделби, спотови, погрешни знамиња и кампањата на Мицкоски – “талог”, по
примерот на Ванчо Михајлов.

Ова не е држава што се води одговорно.

Ова е систем во кој кризата се забележува дури кога веќе има жртви, а реакцијата доцни со денови.

Граѓаните заслужуваат сериозен пристап, а не доцнење и импровизации додека половина од оние
што треба да одлучуваат се отсутни.

А прскањето против комарци дури во вторник! Дури за 6 дена!