Соопштение за јавност
Власта ги штити насилниците, а Јавното обвинителство и МВР молчат за нападот на младите во Ново Село и злоупотребата на податоци, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес-конференција. СДСМ денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал поради злоупотреба на доверливи податоци.
„Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР.“ рече Димитријевиќ.
Димитријевиќ посочи дека младите активисти прво беа физички нападнати, а потоа беа предмет и на јавни напади преку лаги и конструкции.
„Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат.“ рече Димитријевиќ.
Ккривична пријава како што посочи Димитријевиќ, е против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела.
„Против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела: Злоупотреба на службената положба и овластување, со пристап кон казнената евиденција и извлекување на доверливи документи кои биле дадени и завршиле во ВМРО. Оддавање службена тајна (Член 360 од КЗ), затоа што податоците од казнената евиденција претставуваат класифицирана информација и службена тајна а завршиле во ВМРО. Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани“, рече Димитријевиќ.
Тој додаде дека СДСМ пондесе кривична пријава и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за злоупотреба на лични податоци.
„Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање. Поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна. Тоа го сторил со цел да му ги обезбедат предметните доверливи податоци за потребите на неговиот јавен настап“, рече Димитријевиќ.
Линк до видео:




