Мицкоски и Клековски од екскурзија ја пуштија водата во Гостивар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица.

Пијат вода пред камери.

Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.

Над 5.000 заболени.

Повеќе од 2.000 хоспитализирани.

Болницата нефункционална.

Пациенти префрлани во Тетово.

Во државата има епидемија на жолтица, епидемија на западнонилска треска – 24 хоспитализирани, двајца починати.

И каде беа премиерот Мицкоски и министерот за здравство Клековски?

На екскурзија.

Кога речиси 5.000 луѓе се отруени.

Кога цел град пет недели нема чиста вода на оваа жештина.

Кога болницата е отруена, а пациентите пратени во друг град.

Претседател на Влада и министер за здравство беа на одмор.

Каде го има ова?

Наместо нив, испратија полицаец.

Стојанче Ангелов да наздравува и да објаснува колку е „вкусна“ водата.

Прво, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, пиеше вода имитирајќи американски градоначалници.

Сега, бидејќи никој од вистински одговорните не е тука, повторно испраќаат полицаец да ја „тестира“ водата така што ја пие пред камери.

Нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење.

Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август.

Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста – шест дена порано.

Како до вчера 20 август, а денес нагло сè е во ред?

Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз.

Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија.

Бараме итно Обвинителството да постапи по кривичните пријави.

Бараме по итна постапка обвинителот Савевски, доколку се вратил од екскурзијата, да покрене постапка и утврди кој и врз основа на кои анализи денеска потпишал дека водата е безбедна.

Граѓаните не бараат здравица. Граѓаните бараат одговорност!