Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта.
Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема.
Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.
Срам и брука. А одговорност нула!
Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ?
Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар?
Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски?
Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии?
Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар?
Повеќе од еден месец граѓаните слушаа различни и контрадикторни изјави од власта.
Мицкоски велеше дека водата е исправна за техничка употреба, Ангелов и Клековски потврдија дека има бактерии, а Тошковски правеше хиперхлорирање.
Официјален извештај и целосна анализа за водата пред јавноста немаше.
За катастрофата во Гостивар мора да има политичка и кривична одоговорност.
Исто и за нападот врз младите активисти во Ново Село.
Поминаа денови од нападот, а јавноста сè уште нема одговор кој ќе одговара. Поднесените кривични пријави на СДСМ се за сериозни кривични дела.
Не може Обвинителството да молчи.
5 тони дрога поминаа преку граница и за тоа никој не одговараше.
Филмски заплени на 100 тони марихуана, најави и јавни обинувања и на крај ништо.
Бараме итно Обвинителството да постапи по кривичните пријави кои ги поднесе СДСМ.
Итна постапка од обвинителот Савевски, доколку се вратил од екскурзијата, да утврди кој и врз основа на кои анализи денеска потпишал дека водата е безбедна.
СДСМ нема да дозволи овие случаи да бидат ставени во фиока.
За труењето во Гостивар мора да има одговорност.
За нападот врз младите мора да има одговорност.
За злоупотребата на полициски документи мора да има одговорност.
Граѓаните не бараат здравици бараат одговорност!
Линк до видео:

