Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

35 потврдени случаи од западнонилска треска.

3 починати.

6 лица во критична состојба на интензивна нега.

А во општина Кисела Вода, токму во Драчево, каде што е прогласена епидемија – организираат кино на отворено.

Потполн аматеризам и непрофесионализам во водењето на епидемијата од страна на Мицкоски и Клековски.

Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција,
нема систем, нема одговорност, само импровизации и пропаганда.

Додека другите земји уште од пролет систематски прскаат против ларви, ставаат стапици и чистат легла на комарци, кај нас се чека да почнат да умираат луѓе.

Во земјите на Европската Унија се реагира уште при првите позитивни наоди од комарци, а не откако ќе има починати.

Додека другите земји уште од пролет прскаат, ставаат стапици, чистат легла и информираат граѓани, кај нас се чека да почнат да умираат луѓе, па потоа се држат прес-конференции.

А сега, наместо да се засилат мерките, се организираат настани на отворено во епидемиско подрачје.

Во Скопје долго се чека за прскање против комарци. Само од најавата за прскањето поминаа 6 дена, и тоа сега, во време на епидемија. Да нема епидемија, веројатно немаше ни да прскаат.

До вчера градоначалникот се занимаваше со билбордот, кој на крајот заврши со коњ со пет нозе. Денес е јасно кој сè ја води оваа држава и каков е капацитетот на овие луѓе на функциите.

Ова не е водење на здравствена криза туку потполн колапс на институциите и елементарен недостаток на сериозност.

Граѓаните плаќаат со здравјето и со своите животи.

Доколку оваа криминална организација ВМРО и Мицкоски ја водеа државата во големи светски економски и епидемиолошки кризи, на сите ни е јасно како би изгледало тоа.

Подобро и да не помислуваме.