Мицкоски го уништи и овчарството – нема вакцини, се шират овчи сипаници, се уништуваат цели стада

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата на Мицкоски го унушти и овчарството.

Жално и скандалозно е тоа што во моментов им се случува на одгледувачите на овци – да гледаат пред свои очи како поради ненавремена реакција на надлежните, сега губат цели стада, губат се што вложиле, губат егзистенција.

Овчите сипаници првпат се појавиле уште во декември минатата година, но осум месеци власта не презела навремени мерки. Агенцијата за храна и ветеринарство, која е надлежна да ја следи состојбата и да обезбеди вакцини, денес бара донации наместо да веќе има обезбедено навремена заштита.

Зошто не набавиле вакцини навреме и зошто навреме не се вакцинирале стадата?

Додека институциите сега после девет месеци се освестуваат, болеста се шири, стадата се уништуваат, а сточарите остануваат без егзистенција.

Од декември досега се уништени околу 50 стада, а кај уште толку стада преку анализа на крв е потврдена болеста. Тоа значи дека и овие стада дополнително ќе бидат уништени.

Според информациите, досега се заболени над 10 отсто од овците.

И наместо решение, сточарите повторно добиваат чекање. Наместо владата да ги заштити и да обезбеди вакцини, сега се чека на донација која може да стигне и за еден месец.

Дотогаш, поради високите температури се очекува забрзано ширење на болеста и
зголемување на бројот на заболени и уништени стада.

Одговорност мора да има, а најповикан е директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Зошто Миланов дозволил агенцијата да остане без вакцини и досега да се уништата 50 стада?

Ова не се само уништени стада. Ова се семејства кои живеат од овчарството и кои власта ги остава во безизлезна состојба.

Сточарството и онака е доведено пред колапс. Субвенциите не им се исплатени навреме, а сега сточарите се оставени и без соодветна заштита на добитокот – нешто што по закон им следува.

Бараме итно да се направи план за соодветно обештетување на сточарите и исплата на сите заостанати субвенции.