Соопштение за јавност
Прво.
МВР навистина информирало во билтенот. Но во билтенот не пишува кој е човекот кому му е фрлена бомба на семејната куќа, ниту зошто. Ете ја снимката од видеото.
Она што е битно: Во билтенот не пишува дека станува збор за човек од тесниот круг на Христијан Мицкоски, кој моментално ја врши функцијата претседател на Влада и кого го чува истата полиција.
Не пишува ни дека неговиот кум е многу близок со лицето кон чија куќа е фрлена бомбата. Само тој мал детал фали во билтенот – исто како што фали и во билтенот од екскурзијата, што точно правел Мицкоски во Брисел.
Второ.
Велат дека не е неговиот дом, туку домот на неговиот татко. Повторно исто како со ДКСК: кога СДСМ пријави корупција, веднаш „татко не е татко“. Иста приказна. ВМРО постојано се оградува од биолошките татковци.
Трето.
ВМРО во ниту еден момент не се оградува од 300.000 евра мито. Тоа за нив е нормално. Провизија. Јавна тајна.
Фабриката за лажни вести не е кај нас. Кај вас е Орбановата фабрика, а наскоро и Вучиќевата.
Таа фабрика, по моделот на Гебелс, ви ја води началникот Латас.
Фабриката е кај оние што кријат детали, се оградуваат од татковците, а не се оградуваат од парите.
А она што е посебно битно е што повторно продолжувате со пропагандата на Ванчо Михајлов „талог“.
Мислам дека народот веќе сфати кој е талог.



