Клековски даде четвртина извештај за водата – остатокот граѓаните нека си го соберат сами

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Така изгледа министер за здравство во владата на Мицкски. Најави целосен извештај за водата. А излезе само со дел, четвртина, парче.

За останатото им рече на граѓаните: одете кај ЦУК, кај АХВ, кај „Комуналец“.

Ако сакате да знаете што пиевте, шетајте. Соберете си го досието сами.

Тоа не е транспарентност. Тоа е екскурзија.

Прво тој отиде на одмор додека Гостивар се труеше, додека се ширеше жолтицата и западнонилската треска.

Сега граѓаните ги праќа на екскурзија по институции.

Министерот што треба да го собере системот го растура одговорот на четири шалтери.

По 22 дена труење и околу 5.000 заболени, јавноста не бара брошура.

Бара еден документ: сите мостри, сите лаборатории, сите датуми, сите бактерии, сите вредности, кој потпишал дека водата е за пиење.

Не четвртина кај министерството. Не остаток кај комуналното. Не парче кај агенцијата. Не алиби кај кризниот центар.

Ако извештајот е целосен, зошто мора да се бара по делови?

Ако фактите се јасни, зошто се делат според тоа кој ги нарачал? Ако нема што да се крие, зошто граѓанинот станува курир меѓу институции што се под иста власт?

Клековски е министер, не туристички водич. Водата за пиење е јавно здравје.

Јавното здравје не е сопственост на претпријатие. Не е архива што се издава на барање. Се објавува. На едно место. Со потпис. Пред народот што пиеше фекалии 22 дена.

Објавете го целиот извештај. Денес. Без упатства каде да одат граѓаните понатаму да бараат.

Дотогаш ова не е одговор. Ова е признание дека повторно бегате.