Соопштение за јавност
Поминаа цели 6 недели а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема.
Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели.
Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните?
Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски.
Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи како техничка вода, па дека има нови бактерии и вируси во водата, потоа уверуваа дека водата може да се пие а ниту еднаш не објавија целосен документ.
Водата се испитува секој ден. Зошто тогаш не се објавува веќе шест недели?
По 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени, граѓаните треба да видат целосен документ бидејќи водата за пиење е прашање на јавно здравје.
Информациите за нејзината безбедност мора да бидат јавно објавени во еден целосен извештај.
Со сите резултати и со потпис на одговорните.
Сите мостри. Сите лабораториски анализи. Сите датуми. Сите утврдени бактерии и вредности. Сите институции што вршеле испитувања.
И најважното – кој, врз основа на кои резултати и со чиј потпис утврдил дека водата е безбедна за пиење?


