Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска предупреди дека во пресрет на следните избори се засилува пропагандната машинерија на власта преку купување медиуми и влез на српски медиумски структури во Македонија.
„И сега во целата оваа ситуација, кога се спремаат очигледно за избори, без разлика дали ќе бидат предвремени, тогаш освен медиумите коишто оваа власт веќе ги има, 40% од вкупниот број на медиуми кај нас под контрола на луѓето блиски на Орбан, сега се спрема да влезе и тешката српска артилерија пропагандна на чело со Ало Медиа“, рече Филипче.
Тој посочи дека станува збор за засилување на медиумското влијание токму во период кога власта се подготвува за избори.
„Купуваат медиуми, телевизии, Еуроњуз е веќе тука. Уредници се добро познатите Латас и Ивона, луѓе коишто соработуваа со Груевски, коишто се соработници на српски служби, работат спротивно на интересите на државата“, рече Филипче.
Филипче предупреди дека ваквите случувања доаѓаат во период кога Македонија е целосно заглавена на европскиот пат, додека другите држави од регионот забрзано напредуваат.
„За Европа повеќе никој не ни зборува. Останавме слепо црево на Балканот и на Европа“, рече Филипче, посочувајќи на напредокот на Црна Гора и Албанија.
„Оваа власт е антиевропска, којашто нè држи изолирани под влијание на српскиот свет. Не го кажуваме ние тоа. Европа го кажува тоа, дека овде влијание има српскиот свет“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Линк до видео:


