Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека Левица е добредојдена во Фронтот за вистина и правда само доколку се откаже од проруските позиции и јасно потврди дека НАТО е добро за земјата и дека е за членство во Европската Унија.
„Поради тоа што Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека „НАТО се убијци“ во Собранието. И доколку кажат и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда“, рече Филипче.
Тој додаде дека за приклучување кон Фронтот потребна е јасна проевропска и про-НАТО ориентација.
„Нека се откажат, нека кажат дека НАТО е добро за земјата и дека се за Европската Унија, затоа што Европа и проевропските политики, патот напред кон Европа, е тоа што е главен постулат на нашиот Фронт за вистина и правда“, порача Филипче.
Филипче посочи дека обединувањето на опозицијата може да се гради само врз јасно дефинирани политики и вредности, со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Фронтот за вистина и правда како носители на тој процес.
„Обединувањето може да биде само со и зад Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Зошто? Поради тоа што Фронтот за вистина и правда е веќе објавен. Ги повикуваме тука и имаме многу разговори со други партии, луѓе, поединци, граѓански организации, видни интелектуалци, коишто очигледно сфаќаат што се случува“, рече Филипче.
Линк до видео:

