Соопштение за јавност
Приказната на Христијан Мицкоски дека дата-центрите ќе донесат развој за Македонија е спин и дефокус, зад кој се отвораат сериозни прашања за бизнис интереси, увоз на струја и провизии, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
„Тоа дека датацентрите се некој развој од кој што бенефит ќе видат граѓаните, е само уште еден спин и дефокус на Христијан Мицкоски и на голата банда. Добро, знаат и единствено нешто што добро прават во изминатиот период, тоа е дефокус. Каков бенефит ќе имаат граѓаните од датацентрите? И повторно не одговара, занимавајте се на конкретните прашања. Имаме ли ние доволен капацитет на струја за тие датацентри? Таму каде што ќе се. Дали тоа ќе ја повлече целата струја од регионот, од местото во кое што датацентрите ќе бидат лоцирани? Што ќе се случи со цената на струјата, кога ќе има еден таков потрошувач на струја од соодветна околина? Што ќе се случи со топлата вода која ќе треба да се врати некаде? А која ќе се зема од реките? Ќе се уништи ли природниот свет во реките? “, праша Филипче.
Клучното прашање е што ќе се случи со увозот на струја и кој ќе има финансиски интерес од него.
„Што ќе се случи со капацитетот на водата? Ќе има ли вода за наводнување на земјоделските површини? Тоа никој не го кажува. Понатаму, ќе има ли зголемена потреба за увозна струја?. И јас мислам дека тоа е главната работа. Оваа власт е позната по увозна струја. Не работат производствените капацитети во земја со доволен капацитет. Не, најмногу зависиме од увозна струја. И тука се тие врски со Србија и луѓето за кои што го прашуваме премиерот на пратенички прашања не одговара дали ги знае“, додаде тој.
Филипче јавно го отвори и прашањето за новоименуваниот конзул Душан Адамовиќ и неговата евентуална поврзаност со трговијата со електрична енергија.
„Новоименување од пред некое време, конзул Душан Одамовиќ, кој е тој човек? Со што се занимава? Со трговија на струја ли се занимава? Провизија ли е прашање на оваа криминална власт?“, додаде претседателот на СДСМ.
Линк до видео:

