Филипче: Повторно ќе поднесеме Закон за минималната плата од 600 евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оваа власт во неколку наврати го одбиваше нашиот предлог за зголемување на минималната плата. СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието Законот со кој минималната плата треба да изнесува 600 евра, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Филипче обвини дека во услови на значително зголемени трошоци за живот, граѓаните не можат да ги покријат основните потреби со сегашното ниво на приходи.

„Ако потрошувачката кошничка за година и пол дена пораснала за некаде близу 10.000 денари, била 60.000 денари, сега е скоро 70.000. Ако на тоа се додадат и трошоци како кирија или кредит станбен, таа потрошувачка кошничка изнесува близу 90.000 денари. Оваа власт не сакаше минималната плата да ја зголеми на 600 евра. И затоа сакам да најавам дека повторно во Собранието ќе го поднесеме Законот за зголемување на минималната плата.“, рече Филипче.

Тој појасни дека предлогот на СДСМ предвидува минималната плата да биде 600 евра, со истовремено субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата од зголемувањето на платите.

„Минималната плата да биде 600 евра и да се субвенционираат придонесите на приватните компании за разликата од зголемувањето на платите, за да приватните компании не го почувствуваат тој товар на себе. Едноставно, работниците да можат да си обезбедат достоинствен живот на своите семејства. Инаку, ниту три минимални плати не можат да го достигнат трошокот на потрошувачката кошничка.“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видео:

https://www.youtube.com/user/SDSMtube