Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека СДСМ повторно во Собранието ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата, со кој бара минималната плата да се зголеми на 600 евра, а паралелно да се обезбедат субвенции за придонесите за приватните компании.
„Имајќи ја предвид ситуацијата, стандардот на граѓаните, имајќи ги предвид секојдневните повици и комуникации коишто ги имаме со граѓаните, ние повторно во Собранието ќе го поднесеме Законот за зголемување на минималната плата. Бараме минималната плата да се качи на 36.000 денари, односно 600 евра, со што барем некако, на граѓаните ќе им се подобри стандардот, ќе можат да се консолидираат семејните буџети во пресрет на тешките есенски месеци, кога сега ќе се зголемат сметките за струја, дополнително сметки за греење“, рече Филипче.
Филипче посочи дека покрај зголемувањето на минималната плата, потребна е и поддршка за приватните компании преку субвенционирање на придонесите за разликата од зголемувањето на минималната плата.
„Иако сегашното искуство ми покажува дека досега барем таква поддршка не е дадена, уште една мерка, субвенција на придонесите за приватните компании за разликата на придонесите во однос на зголемувањето на минималната плата. Да им се помогне и на компаниите и да не им биде дополнителен товар во оваа тешка ситуација, знаејќи колку должи државата и во однос на повратот на ДДВ, на 200 милиони евра се должи кон компаниите. Огромен број компании остануваат неликвидни, земаат кредити, коишто сега веќе не може да ги вратат и почнуваат да затвораат. Така да со тие две мерки, предлог-закон за зголемување на минималната плата и субвенција на придонесите за разликата од зголемувањето на минималната плата кај приватните компании, ќе го поднесеме тој закон во Собранието во следниот период“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Линк до видео:


