fbpx

Митрески од Битола: Економијата е на прав пат им помогнавме на бизнисите да ја пребродат кризата од коронавирус

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на листа во Изборната единица 5 – Јован Митрески, оствари повеќе средби со стопанственици во Битола.

Малите бизниси се столбот на нашата економија. Држава која овозможува услови за сите подеднакво а не за малкумина како што тоа го правеше ДПМНЕ е држава во која сакаме да живееме.

Нашата програма се темели токму на ова, ред, правда, поредок, општество за сите а не малкумина.

Јавноста е сведок кој носи антикризни мерки за помош на работниците и економијата, а кој по налог на Мицкоски блокира средства од 90 милиони евра од Светска банка.

Јасно е, СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ носи непријатели. СДСМ нуди кадри кои државата ја однесоа на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ нуди истрошени кадри на Груевски.

Затоа на 15 јули граѓаните ќе го казнат незрелото, неодговорно и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Последни вести