За две години 4 милијарди евра нов долг со Мицкоски – празни џебови за народот а нови долгови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јанвост

Додека народот едвај врзува крај со крај, цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови милијарди долг на грбот на граѓаните.

Уште полошо, заедно со Кочовска се обидуваат да го фингираат јавниот долг и да ја излажат јавноста.

Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше.

Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијарди евра.

Но, во обид да се оправда, изнесе нови лаги.

Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра е за 2027 година, како што тврди Мицкоски, зошто Владата брзала да носи одлука пет месеци порано? И зошто ја сокрила од јавноста оваа одлука?

Одговорот е јасен: пари нема, касата е празна.

Втората лага е дека долгот од 350 милиони евра на ЈПДП не влегува во јавниот долг.

Законот за јавен долг е јасен – во јавниот долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Мицкоски и Кочовска го фингираат јавниот долг спротивно на законот, а за тоа мора да има одговорност.

Нема ниту никаков „рамковен заем“ што може да ја прикрие катастрофалната состојба во ЈПДП.

Вистинската тема од која Мицкоски бега е долгот.
Македонија ја носат кон 12 милијарди евра долг.

Пред Мицкоски за камати се плаќаа околу 120 милиони евра, сега сумата достигнува 350 милиони евра.

Додека граѓаните стануваат посиромашни, државата станува сè позадолжена.

Тоа е економијата на Мицкоски: празни џебови и празни фрижидери за народот, а 4 милијарди евра нов долг на грбот на граѓаните за само две години.