Соопштение за јавност
Мицкоски ќе ја задолжи земјата со 4 милијарди евра за две години.
Мицкоски може да продолжи со своите бајки за трета економија и да кажува што сака.
Само што ситуацијата не е за смеење – туку за плачење.
Внуците ќе ги враќаат кредитите на Мицкоски. Со генереации.
4 милијарди евра во криминални партиски тендери за 2 години.
Оваа Организирана криминална група нема граници.
Додека премиерот се фали со раст и „трета економија“, реалноста е сосема друга:
• Ново задолжување од 1,3 милијарди евра.
• Вкупно околу 4 милијарди нов долг за само две години.
• Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра – над 65 % од БДП.
• Каматите скокнаа на 350 милиони евра годишно (од околу 120 милиони претходно).
• Буџетот е празен, а парите одат во тендери.
• Потошувачката кошничка се покачи за 10.000 денари за две години и сега е 90.000 денари со кирија.
• Цените се покачени до плафон.
Мицкоски може да се смее колку сака на своите бројки.
Статистиката не ги полни фрижидерите. Граѓаните најдобро ја гледаат во своите празни паричници.


