Додека работниците во Македонија преживуваат со минимална плата од само 26.000 денари, Мицкоски троши народни пари за луксуз, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека во услови на криза, кога цените на храната и горивата растат, власта мора да им помогне на работниците и семејствата, а не да троши за луксуз.
На прес-конференцијата на која што Филипче го најави поднесувањето на законот за 600 евра минимална плата, потенцираше дека власта мора да скрати од својот луксуз и да обезбеди пари за зголемување на минималната плата.
„Има ставки во Буџетот во кои што стои јасно назначено дека тоа се ставки за луксуз, за мебел, за автомобили, за патни трошоци, за членовите на власт. Нека ги скратат тие трошоци и ете ги парите со кои што ќе се зголеми минималната плата“, рече Филипче.
Тој посочи дека наместо да се скратат трошоците за луксуз, власта троши народни пари и притоа се обидува да ја скрие вистината од граѓаните.
„Кога власта може да се луксузира, да троши граѓански пари неотчетно, нетранспарентно, како сега за овој концерт, за кој што, примерот излажа дека биле потрошени 0 денари, па веќе следниот ден откако му ги извадивме документите, сите граѓани видоа дека премиерот лаже и дека троши граѓански пари, пари на граѓаните, народни пари за такви луксузни забави и прослави во ситуација кога има граѓани кои што не можат да го преживеат месецот“, рече Филипче.
Филипче нагласи дека контрастот е јасен – додека за луксуз има пари, за работниците и граѓаните нема доволно средства за достоинствен живот.
„Во услови кога минималната синдикална кошничка изнесува близу 70.000 денари, ако на тоа се додадат пари за закуп на стан, кирија или кредит кој што се враќа за станот, сумата стигнува 90 па и над 90.000 денари, оваа минимална плата практично покрива само 37, односно 31 % од вкупните трошоци. 37% ако се исклучи сумата на кирија или кредит за стан и 31% од вкупните трошоци ако семејството плаќа кирија или има кредит со кој што отплаќа стан“, рече Филипче.
Тој потести дека СДСМ во време на најголемите кризи платите растеа, се обезбеди поддршка за компаниите и зачувавање на работните места, за разлика од власт на ВМРО која има пари за луксуз, но не и за достоинствен живот на работниците.
„Во време на владите на СДСМ соочени со најголемата криза, ковид-кризата во која никој не се знаеше што се случува, цел свет беше затворен, платите континуирано и пензиите растеа и имаше поддршка стопанството. Над 2 милијарди евра, отидоа како поддршка за компаниите. Да ги зачуваат компаниите и да ги зачуваат работните места“, рече Филипче.


