Прес конференција на Општинската организација на СДСМ, Валандово, Еми Заева – Костова -претседателка
Силно светнал ден, но прашањето е за кого, почитувани граѓани? Дали силно светнал ден за земјоделците кои се мачат да ги продадат градинарските производи, зелки, домати, пиперки или да ги фрлат на отпад? Или за лозарите кои своето грозје го нудат за мизерни 14 денари по килограм и никој не го откупува? Или се принудени да ги ископачат или да ги сечат со моторни пили лозјата кои им се оставени во аманет од татковци и дедовци.
Силно светнал ден за платениците и тендерашите од власта кои го собираат кајмакот и кои си искешираа околу 5 милиони евра за концерти и забавни каравани кои движат низ државата и се наплатуваат повеќепати над реалните суми – за нив светнал ден, а не за обичниот народ кој ви ја даде довербата, кога ве гласаше верувајќи им на вашите лаги и предизборни ветувања во кои ветувавте сè и сешто за подобар стандард, а воопшто и не помисливте дека ќе треба барем нешто од тоа и да исполните.
Токму затоа што во моментот имате апсолутна власт и во ваши раце се и финансиите и мерките, за таа цел бараме и заслужуваме да знаеме. Свесни сме дека немате во план да помогнете и интервенирате во земјоделството и лозарството. Бараме и заслужуваме да знаеме во чии џебови завршуваат парите од народот кој редовно ви ги плаќа на име давачки на секој чекор. 5 милиони евра да се вратеа како мерки кон земјоделството и лозарството, сега ќе ја немавме оваа криза, и лозарите достоинствено ќе си ги испратеа децата на школо, без да им кратат основни потреби.
Бараме конкретни мерки за лозарството и итен интервентен откуп. Како лозарски крај, кој природата го надарила со благородно поднебје, не е во ред лозарите да го остават својот род да скапува заради вашата неспособност.
Каде сте?Наместо по концерти, каравани и прескапи игранки по сите градови и организирање на спектакли, требаше да бидете помеѓу лозарите. Само тогаш ќе бевте достојни да го цитирате Рацин. Доколку мислите дека ќе владее молк, сте се излажале.
Затоа што лозарите и нашиот народ се паметни и прават разлики во начинот на решавање на проблемите низ годините кога СДСМ беше на власт, кога и покрај навремените исплати на субвенциите за предвидените култури се воведе и мерката зелена нафта со која се помагаше на сите земјоделци, но вака како сега никогаш не било.
Уште еден многу битен момент кој народот го почувствува и од кој се променија многу работи е демократското изјаснување преку слободата на говорот на секој засегнат поединец. Затоа, уште еднаш би потенцирам од името на сите – нема да молчиме, нема да молчиме кога ни е засегнат народот и ќе продолжиме да ги бараме правата и мерките, затоа што финансиите во буџетот се јавни средства и сите заслужуваме одговор каде тие завршуваат.
Доколку како мерки и субвенции и олеснувања не се враќаат кон народот. Сакам нешто да порачам. Бидете подготвени. Народот ќе ви ја даде довербата и власта, но истиот тој народ кој го понижувате, одлично ги знае работите, и токму тој кој ви ја даде власта, тој и ќе ви ја одземе. Тогаш, до тој ден, скријте се и чекајте го револтот на земјоделците и лозарите. Е кога тој ден ќе дојде, ќе светне силно.
Линк до видео:




