БИНГО од 5,5 милиони евра за организираната криминална група – Мицкоски, граѓаните не се идиоти!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

Бинго од 5,5 милиони евра за Мицкоски и неговата организирана криминална група со прославата а за граѓаните празни џебови.

За секој граѓанин, за секое едно македонско семејство и за Македонија, 5,5 милиони евра се огромни пари.

За земјоделецот кој гледа како му пропаѓа родот затоа што нема откуп, тоа се пари за вистинска помош.

За работникот кој чека подобар стандард, тоа се пари што можеле да значат повисока минимална плата.

А за власта на Мицкоски – пет милиони евра народни пари се криминални договори кои скаа да ги сокријат и да ги прикажат како „нула денари“.

Огромни народни пари.

Парите се на граѓаните и граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина.

Да ги видат документите. Да знаат кој ги добил парите, за што се потрошени и каде завршил секој денар.

Мицкоски, граѓаните не се идиоти, не се талог. Должиш одговори:

Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми?

Како е избрана тричлената комисија во Државната лотарија која одлучувала за изборот на фирмата за прославата?

Претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот.

Биле ангажирани фирми-ќерки кои добиле милиони народни пари.

Провизии. Проценти.

Кога точно е букиран Дејвид Гета? Јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, на 12 мај, власта веќе го најавува настапот на Дејвид Гета. За три дена го договоривте?

Или со Гета сè било претходно договорено, дил уште пред да заврши јавниот повик?

Каде завршија парите од продадените билети?

Каде документите за одлуките, зошто не ги објавите сите?

Ова е огромна проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

Велат не се пари на граѓаните? Па чиви се?

Велат не се од буџетот туку од државни фирми. Не по шија по врат.

Парите се на граѓаните!

Доста лажете, ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата.

Линк до видео: