5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

Пет милиони евра народни пари за криминални договори на Мицкоски и ВМРО ОКГ преку Лотарија– а нула денари за лозарите.

Лозарите се пред пропаст, а Владата не прави ништо за да им помогне.

Грозјето скапува по лозјата. Вранецот не се откупува. Откупната цена на белото грозје е мизерни 14 денари, во услови на енормно зголемени трошоци.

Лозарите се во безизлезна состојба, оставени сами, без никаква поддршка.

Цела година работат, вложуваат, плаќаат работници, гориво, препарати и ѓубрива, а денес се принудени да ги копачат лозјата, да им скапува родот.

До оваа ситуација ги доведе криминалната власта на арамијата Мицкоски – да гледаат како нивниот труд пропаѓа.

Каде е сега производната или, како што ја претстави министерот за земјоделство, откупната цена на грозјето? 14 денари се далеку од 20 денари, како што министерот објави во јули годинава.

Недозволиво е власта да се претставува како посредник, таа е директен актер на пазарот и со закон учествува во формирањето на откупната цена.

За две години ВМРО направи пустош во секоја гранка на земјоделството.

Не им е грижа за земјоделците. Не им е важен човекот кој произведува храна. Не им е важен лозарот кој со својот труд ја одржува Тиквешијата и целиот лозарски крај и е заслужен за квалитетното македонско вино.

Важни им се криминалните партиски тендери и договори – за тоа секогаш имаат ставка како да најдат пари. Тоа е арамискиот концепт на Мицкоски и неговата криминална организација.

СДСМ бара Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да донесе интервентни мерки. Да ги заштити лозарите.

Вранецот 28 денари, Смедеревката 25 денари – земјоделците мора да добијат достоинствена цена!

Секој ископачен лозов насад е уништена една семејна инвестиција, еден животен труд и една иднина.

Итно зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено.

Тоа се мерки кои ќе им помогнат на лозарите да ја пребродат кризата.

Линк со видеото :