Денот на демократијата го одбележува диктаторот Арамија Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата.

Демократијата не е свечена сала, не е поздравен говор и не е видео за ученици.

Демократијата е ограничена власт. Слободен говор и тогаш кога ѝ пречи на власта. Независно обвинителство што не чека нарачки по телефон.

Медиуми што не се хор. Опозиција што не е мета на црна кампања, туку конкуренција.

Полиција што ги чува граѓаните, не владетелот. Правда што не е серија. Избори по кои губитникот ги предава институциите, а не само микрофонот.

Сѐ друго е маска.

Човек што во истото тоа Собрание изгласа „декрет“ по терк на Хитлер – акт со кој говорот не се спротивставува со аргумент, туку се жигосува како опасност.

Човек што Гебелсовиот модел на пропаганда го пласира преку својот „началник“ Латас, за да се пресмета со политичките противници.

Човек што партијата ја користи како Ванчо Михајлов: како алатка на туѓи интереси, не како брана на државата.

Човек што слободата на медиумите ја гледа како проблем. Затоа му треба контрола: дел од просторот веќе преку орбановата мрежа, а она што остана независно – преку менторот Вучиќ, преку српската „Ало група“ и Вучиќевата лиценца за Euronews. Не за народот да слуша повеќе гласови. Туку да слуша само еден.

Човек што полицијата ја троши како свој „заштитнички минхенски одред“.

Правосудството го држи во телефонскиот именик. Правдата ја крои по мерка. Апси и пушта како што му одговара за телевизиската сапуница.

Човек што во владата има министер кој ги застапува вредностите на партија од Кина, а работи за српската безбедносна служба.

Човек што го слави Ратко Младиќ и го нарекува „свој генерал“ – осуден воен злосторник за геноцид.

Поставува конзули со фашистички сфаќања, луѓе што Македонија ја гледаат како окупирана српска територија.

Негов ментор е Александар Вучиќ. Човекот кој во Собранието викал: „За еден Србин ќе убиеме 100 Хрвати. Последниот диктатор од деведесеттите, производ на власта на Милошевиќ и ученик на Воислав Шешељ, уште еден хашки обвинет за повик кон геноцид.

Човек што ги застапува интересите на крупниот капитал на грб на сиромашните, како најголемите десничари од минатиот век.

Човек што ја изолираше Македонија од Европа и народот го држи како заложник.

Тој човек, поточно не-човек, се вика Христијан Мицкоски.

Тој нема право да ја слави демократијата. Тој само ја гази и понижува.

Како што ги понижува граѓаните на Македонија кога ги нарекува талог, мочуриште, медиокритети и лешинари.

Демократијата не се одбележува во сала што веќе ја запоседнал. Демократијата се брани од него!

Македонијо, нека ни е честит Денот на демократијата!

Народе, знаеме што ни е обврската – ОДБРАНА!