Мицкоски на екскурзија со делегација во Америка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Го чекаме да се врати арамијата Мицкоски. Од уште една екскурзија. Како ли го издржа летот поради колената?

Пред заминувањето најави средби на „ултра високо ниво“. Во Вашингтон, средби со корпорации. Сака да се копа. Најава за милијарди.

Енергетика. Висока технологија. Рудник за антимон. Што беше со антимонот? Зарем ископот не е опасен како литиумот? Зарем не е запрен на повеќе места во Европа токму поради опасност по животната средина и по луѓето?

Кај нас се продава како инвестиција. Таму каде што има држава – се мери отров. Кај нас се мери провизија.

Дата-центри. Граѓаните веќе рекоа: вода, струја, сè на нивниот грб. Вработувања нема. Приход за граѓаните нема. Има вода, ама без живот, прескапа струја, загреана околина и бучава. Еве и Америка. Претставничкиот дом на САД усвои закон за заштита на домаќинствата од повисоки сметки за струја поради дата-центрите.

Таму граѓанинот се штити со закон. Кај нас се штити инвеститорот без име.
Разликата е систем.

Уште една бајка. Уште едно „зацврстување на односите“.

Како да се зацврстат односите со Америка кога Мицкоски работи за туѓи интереси што Вашингтон ги нарекува противници? Како кога се земаат кинески кредити што сега се под лупа?

Како кога до вчера неговиот заменик ја пропагираше Кинеската комунистичка партија и руската агенда? Какво јакнење? Слика. Лента. Соопштение.

Одговорот стигна пред да слета.

Стејт департментот го извести Конгресот: 52 милиони долари воена помош, предвидени за Македонија, Словачка, Тунис и Ирак, се пренасочуваат кон Панама, Перу, Еквадор и Колумбија.

Не ја укинуваат целата линија, ама точниот остаток за Скопје не го кажаа. Парите одат во „задниот двор“ на Вашингтон, нарко-тероризам, Панамски канал, да не се вгнездат противници на западната хемисфера.

Превод: приоритетот не е кабинетот на арамијата. Приоритетот е Латинска Америка.

Тој зборува за инвестиции. Дома ЕСМ тоне, струјата се увезува, државата се задолжува секоја недела.

Таму се фотографира како стратешки партнер. Тука пет тони дрога ја минаа границата кон сестринската СНС, додека стратешкиот партнер зборува за нарко-тероризам.

Тука Орбан држи медиуми. Тука мрежата на Вучиќ. Па потоа бара од Америка да му верува на зборот.

Стратешко партнерство со САД не се крои на екскурзија. Се крои со институции што не се на телефон, со граница што не пропушта товар без одговор, со надворешна политика што не се врти според кој кредит е поевтин.

НАТО членството го обезбедие СДСМ.

Нека се врати. Нека ја раскаже бајката за милијардите и за рудникот. Граѓаните нека го прашаат две работи.

Ако односите се зацврстени, зошто воената помош заминува кон друга хемисфера додека тој се слика во Вашингтон?

И зошто Америка ги штити домаќинствата од сметката на серверите, а тој кај нас ја става водата и струјата на располагање без име и без бројка?