Соопштение за јавност
Во продолжение ја испраќаме интегралната изјава за медиумите, на носителот на листата во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров:
„Од овој шум ќе мора да ме чуете. Шумот на некој начин ја симболизира буката што ја прави опозицијата, за да ве збрка, да не ја чуете вистинската порака.
На 15 јули имаме клучен историски избор. Сакаме да одиме напред кон Европа или сакаме да се враќаме назад кон кичот и кон фасадната политика и кон нашите пари на Белизе?
Успеавме да влеземе во НАТО, покажавме дека можеме и тој победнички менталитет сакаме да го искористиме за да влеземе во ЕУ. Доста бевме жртва. Сакаме Европа да ја донесеме дома.
Што значи тоа за македонските граѓани коишто ќе гласаат на 15 јули? Тоа значи: повеќе нормалност, повеќе ред, повеќе правда, подобар економски стандард, повисока просечна плата, повисока минимална плата, повисоки пензии.
Европа дома значи и еколошка држава: казни за загадувачите, триплиран бројот на еко-инспектори, во секоја општина комунална еко-полиција со надзор од 24 часа, сто милиони евра субвенции за добри еколошки филтри на индустриските капацитети. Меѓу другото и државните институции ќе ги направиме еколошки, енергетски ќе се снабдуваат со топлинска енергија.