Соопшение за јавност
Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, на денешната средба со делегацијата на Сенатот на Француската Република во Собранието, укажа дека состојбите во судството и и незаконскиот влез на српски медиуми е спротивно на европските вредности.
Филипче нагласи дека постапувањето на власта во овие области е веќе нотирано и во извештаите на Европската Комисија, посебно во делот на владеењето на правото, притисокот врз судството и медиумскиот плурализам.
„Лично многу загрижен за евроинтегративниот пат на земјата и за перформансот кој што оваа Влада го има во изминатиот период во неколку сфери. И тоа е перформанс на кој што забелешки има дадено Европската институција, влезени се забелешки во извештаите на Европската Комисија во неколку важни сфери. Во сферата на владеење на правото, сведоци сме на јавна критика што мислам дека е недозволиво од страна на премиерот, повикување на одредени судии, обвинители и така натаму. Понатаму, недоволниот буџет кој што ја оделен за правосудството, сметам дека е тоа нешто што не треба да биде така, поради тоа што соодветното буџетирање со област на европските стандарди е нешто што во оваа, навистина, лоша ситуација со довербата во правосудството кај нас, како еден од чекорите кои што тој систем треба да го зајакнува“, рече Филипче.
Во однос на медиумскиот плурализам, Филипче предупреди на притисокот на медиумите од страна на власта, како и на незаконскиот влез на српски медиуми на македонскиот медиумски простор.
„Притисокот на медиумите е нешто што е исто така нотирано во делот на медија плурализм извештајот на Европската Комисија. Во нашата земја, околу 40% од медиумите се во сопственост на луѓе близки на поранешниот премиер Виктор Орбан, премиерот на Унгарија. Телевизиска станица, портали и така натаму. Меѓутоа во изминатиот период сме сведоци дека голем притисок и влез на српски медиуми има во земјата и тоа на многу, би рекол, незаконски начин, затоа што постојат канали кои што доаѓаат преку српскиот Телеком и кои што имаат незаконски добиена лиценца од страна на независниот регулатор, очигледно е дека е прашање дали е независен.Тоа се канали кои што се домашни и тука функционираат, а имаат дозвола добиено како странски канали и тие ги реемитуваат, тој сигнал го реемитува, го реемитува српскиот Телеком“, рече Филипче.
Линк до видео:
