Изјава, претседател на СДСМ, Венко Филипче
Јас сум се видел со тие луѓе во изминатиот период, поединечно. Сметам дека тоа е платформа којашто е нов ЗНАМ. Тоа се луѓето коишто беа на многу високи партиски функции, коишто молчеа кога се формираше првиот ЗНАМ. Па сега сакаат со пуч да ја преземат партијата.
Партијата има демократски институции. Можеа да се кандидираат за раководство. Како тоа сега сакаат да ја преземат партијата, и тоа од кафеана, од ресторан или од хотел? Како мислат дека може така да влетаат и нешто да им припадне понатаму?
Како тоа, на денот кога ние објавуваме еден од најголемите скандали за власта, а тоа е дека има компанија којашто финансира лобирање за премиерот, и кога објавуваме еден од најголемите скандали – дека ќе се отворат пет нови рудници, нешто за што огромно мнозинство од граѓаните се против – тие излегуваат и го прават тоа?
Понатаму, како да се објасни тоа што еден од тие луѓе коишто седат на таа маса добил тендер од 1,6 милиони евра од државата?
Сакам јасно и гласно да порачам: каква реформа бараат во партијата?
Партијата е единствена што на овој начин, силно, отворено, транспарентно и со податоци, се бори со Христијан Мицкоски и со неговата арамиска, антинационална и антимакедонска политика на изолација, корупција и уназадување на општеството, не само на државата.
Каква реформа бараат овие луѓе?
Пак ќе кажам, јас сум спремен да се сретнам со кој било и да дебатирам на која било тема. Јас знам дека секоја дискусија тие ќе ја загубат, затоа што намерите не им се искрени и чесни.
Не може пратеник којшто е избран, Славјанка Петровска, на која СДСМ ѝ дал мандат, на денот на поставување пратенички прашања, наместо да биде во Собранието и да ја прашува власта, да оди таму на дебати и да се расправа за партијата којашто ѝ дала доверба да биде пратеник.
Тоа се нелогичности и оттука произлегува нивната нечесна намера. Тоа е нов ЗНАМ.
Втора варијанта, затоа што овој сега пропадна. Но, јас тоа нема да го дозволам.
Апсолутно. Јас ви кажав, имам голем демократски капацитет. Сакам да дебатирам. Да, апсолутно сакам да слушнам што имаат да кажат, да аргументираат. Вратите во партијата се отворени, а ваквите хотелски и ресторански средби нека ги остават за друга намена.
Јас имам мандат од четири години. Тој мандат го добив легитимно. За мене гласаа над 10.000 луѓе.
Тие луѓе коишто сега бараат одговорност од мене и коишто седат на таа маса, со бели или со карирани чаршафи, беа во тимовите коишто го доживеаја најтешкиот пораз на партијата.
На пример, луѓе коишто ја пишуваа програмата во 2024 година. Игор Ивановски со таа програма доживеа дебакл. Андреј Петров, којшто беше член на Извршниот одбор, на Извршниот одбор на партијата пред којшто Бујар Османи го презентирал францускиот предлог, и тогаш тој немал забелешка за францускиот предлог.
Па сега има забелешка за мене и за моите ставови, затоа што ние зборуваме за Европа.
Никола Ќуркчиев, којшто добил тендер од 1,6 милиони евра од власта. Емилијан Станковиќ е небитен.
Како тие знаат како ќе биде со партијата сега, во овој момент, кога рејтингот на ВМРО паѓа, а нашиот почнува да расте? Тоа е болката.
Затоа ги финансира Христијан Мицкоски и прави нов ЗНАМ – да нè фрагментира, затоа што само на тој начин може да продолжи да владее, бидејќи нема добри политики.
И сега, кога ние зајакнуваме, кога расте бројот на луѓе што се приклучуваат, не само партиски членови, туку и луѓе надвор од партијата, сега тие вака нè фрагментираат.
Нема да им помине. Не станува збор само за СДСМ. Станува збор за државата.
Линк до видео:
