Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.
„Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче.
Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ.
„Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче.
Претседателот Филипче го постави прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката.
„Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече тој.
Целта е да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ: плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите.
Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата продолжува со консолидацијата и со подготовката на политики во интерес на граѓаните.
„СДСМ вчера се покажа и се докажа дека е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата“, истакна Филипче.
„Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, порача Филипче.
Линк до видео:

















