Филипче: Зошто сега сакаат да дефокусираат, кога ги отвораме најголемите скандали на Мицкоски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека настапот на групата поранешни функционери пучисти со претставници на Левица и други партии, сателити на Мицкоски е вморвска шема – план пишуван во белата палата на Мицкоски.

Филипче потенцираше дека ова е обид за дефокусирање на јавноста, токму во моментот кога СДСМ ги отвора најголемите скандали за криминалната власт на Мицкоски, во време кога рејтигнот на ВМРО паѓа а на СДСМ расте.

„Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече Филипче.

Ова дејствување се случува во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а поддршката за СДСМ постепено расте. Целта е да се одземе вниманието од прашањата што директно ги засегаат граѓаните и од одговорноста на власта за нејзините политики.

„Зошто сега излегуваат и ја дефокусираат јавноста од сите битни теми?“, праша Филипче.

Како конкретни примери ги посочи плановите за дата-центри и за отворање нови рудници, предупредувајќи на можните последици врз водата, земјоделството и животната средина.
„Зошто не зборуваат за дата центрите, за намерата на Христијан Мицкоски и на неговата банда да ја земат водата од земјоделците? Зошто не зборуваат за петте нови рудници коишто прв пат се впишуваат во просторниот план?“, истакна тој.

Филипче ја обвини власта и за зголемување на буџетската дупка на една милијарда евра и за намера да ја задолжи државата со четири милијарди евра нов долг за нецели две и пол години.
Јавноста треба да биде насочена кон овие прашања, како и кон состојбата во земјоделството, платите и пензиите.

Тој потсети дека СДСМ има предлог-закон за зголемување на минималната плата и бара соодветно зголемување на пензиите, посочувајќи дека растечките трошоци за живот сè потешко се покриваат со сегашните примања.

„Ни три минимални плати сега не се доволни да се покријат трошоците од потрошувачката кошничка“, рече Филипче.

Во контекст на темите од кои се одвлекува вниманието, тој ја посочи и дипломатската позиција на државата, критикувајќи ја посетата на премиерот и средбите што ги опиша како „ходник дипломатија“.

„Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да нè дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат“, порача Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата ќе продолжи да ги отвора прашањата за работата на власта и да предлага политики во интерес на граѓаните.

„Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, заклучи Филипче.

Линк до видео: