Филипче: Пучистите седат со проруска Левица кои велат „НАТО убива за профит“, а бараат промени во СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пучистите кои бараат промени во СДСМ седнаа на иста маса со Левица, партија која отворено застапува руски и кинески интереси и која, при посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието истакна транспарент „НАТО убива за профит“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Вчера видовме на едно место мала група на поранешни функционери на СДСМ, но и членови на други партии, на ЛДП, луѓе од ЗНАМ и Левица, партијата која што има целосно спротивни вредносни политики од нашите. Партијата која што при гостувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, држеше транспарент во Собранието: „НАТО се убијци“. Сите тие седнати на едно место, сите сателити на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Тој посочи дека поранешните функционери една година наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети и лаги, а сега излегуваат во јавноста, токму во момент кога СДСМ открива скандали и криминали на власта.

Филипче ги посочи прашањата поврзани со дата-центрите, водата за земјоделците, петте нови рудници, економските и финансиските политики, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите, како и Ходник дипломатијата на Мицкоски.

„Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да нè дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат. И овој обид и овој дефокус, овие пучисти, овие шемаџии, ништо нема да направат. Се среќаваат и седат на маса со Левица. Левица, партијата која што отворено соработува со Русија и со Кина. Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики?
Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето кои што во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец“, рече Филипче.
Линк до видео: