Арамијата пред светот рече дека Македонија не е сериозна држава – голем срам за нашата татковина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски се врати од екскурзијата во Америка.

Помина и „френетичниот“ аплауз од Тимчо Муцунски, пред празната сала на ОН.

Пред целиот свет кажа: „Имаме намера да станеме сериозна држава.“

Државите се сериозни по автоматизам. Несериозна е власта. Тој ја понижи земјата за да се издигне себеси.

Народот го нарекува талог. Медиокритети. Мочуриште. По моделот на Ванчо Михајлов. Себеси се смета за елита.

Елита со часовници од 60.000 евра. Костум од 10.000 евра. Цел стајлинг. Сега бара и авион.

Народот нема ни за во продавница. Тој во ходници во Њујорк.

Во ходник ги пресретнува туѓите државници за некој од зад грб да слика, па дома тоа да го продаде како официјална средба.

За 42 секунди „го одбранил националниот идентитет“ и ја „зацврстил стратешката соработка“.

Рацете во џебови. Раскопчан. Изгужван. Како од кафеана. Така нè претставува пред Америка, пред гостите на ОН.

Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели. Тој им враќа со земја. Ископ на отровен антимон за муниција. Провизија за нив. Сметка за народот.

Потоа говор во ОН. Латас вели „историски“. Во говорот ниту еднаш „Македонија“. „Мојата земја.“

На крај: Ќе станеме сериозни. Пред светот рече дека не сме.

Тоа ли е одбрана на идентитетот? Да ја наречеш сопствената држава несериозна пред Генералното собрание на ОН?

Вакво понижување Македонија не доживеала.

Срам за професорот. Срам за политичарот. Срам за човекот што треба да нè претставува. Срам за институцијата.

Арамијата Мицкоски е најголемата брука што оваа земја ќе ја памети.

Државата беше сериозна. Несериозен е тој како премиер, а сериозен само како арамија.