Мицкоски на задача кај Вучиќ – Регионот „се пали“ кога Белград почнува кампања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во разлика од само два часа. Вучиќ: некои однадвор, некои одвнатре ќе прават немири во изборната ноќ. Мицкоски: една работа може да го запали целиот регион и да прерасне во конфликт. Истата матрица. На далечински од Белград работи.

На Вучиќ му требаат тензии за кампањата во Србија. Како што скокна да му помогне на Орбан со приказна за експлозив на критична инфраструктура пред унгарските избори – опозицијата таму тоа го нарече операција под лажно знаме. Сега арамијата треба да му послужи нему. Малиот од палубата извршува задача.

Арамијата има задача да потпали непостоечки меѓунационални тензии преку своите сателити.

Мицкоски ги води своите сателити на далечински. Левица: партија за ништо. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Анти-Америка. Како поинаку, кога е руска партија на задача. Така Вучиќ го води Мицкоски.

Истата реторика. Погледнете го Стоилковиќ со заканите со цевката. И двајцата го слават Ратко Младиќ, осуден воен злосторник. Па потоа Мицкоски држи лекција за „подбуцнувачка реторика“ во регионот.

Стари десничарски методи. Кога нема економски резултати, кога народот нема за леб, правиш поделби. Кампањата на Ванчо Михајлов – талог.

Го задолжува Латас, стар човек на ДБ, денешна српска БИА.

Латас има искуство со палење на американската амбасада, со обиди за правење војна и со организација на 27 април.

Системот е поставен од Орбан и Вучиќ. Орбан падна. Наскоро и Вучиќ. Мицкоски останува сам, ама како чувар на касата.

Алта банка, со купување две македонски банки и осигурителна компанија, станува сигурна куќа за пари стекнати со криминал и корупција кај нас. База за црн капитал на сестринските партии.

Затоа го држат медиумското небо. Последна линија на одбрана на кланот.

Врз тоа се додава руската агенда: Македонија да стои далеку од ЕУ. Затоа Мицкоски како руски-прокси играч и Левица, како про-руска партија, ја имаат главната улога.

Тие три сили се споија со платени 1,6 милиони евра преку тендери, со шака луѓе од стариот СДСМ.

Целта: да ја ослабат единствената опозиција што веќе им дише во врат – откако ВМРО падна, а Мицкоски го изгуби рејтингот целосно.

Не го пали регионот народот. Го пали бандата со својата реторика и преку медиумите.

СДСМ нема да дозволи оваа организирана криминална група да ја користи Македонија како своја депонија, ниту како свој полигон за исполнување интереси на бандата и на други држави.

За нас Македонија е наша татковина, сериозна држава – не несериозна, како што нè претстави арамијата во ОН.

Доаѓа време на вистината и правдата. Целата оваа криминална група ќе одговара. Македонија ќе биде демократска, европска и слободна.

Власта ќе биде во рацете на народот.