Филипче: Џабе се фалат со пониски цени на горива кога нашите граѓани можат да купат најмалку литри

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Џабе се фали власта дека имаме најниски цени на горивата во регионот, кога нашите граѓани можат да купат најмалку литри горива со овие плати и пензии коишто ги имаме“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со скопските пензионери во Карпош.

Во одговор на новинарско прашање Филипче посочи дека граѓаните се соочуваат со дополнителен удар врз стандардот и побара од Владата конкретни мерки за намалување на цените на горивата.

„На прво место за мене се интересите за граѓаните. Очекувам оваа зима да биде уште еден огромен удар, затоа што парното е веќе поскапено. Ние не знаеме како ќе бидат цените на горивата. Власта не ги слуша нашите апели да се намалат акцизите, да се намали ДДВ-то, нека се тргнат во процент, со којшто значајно ќе се намали цената на горивата.
Нека се тргнат акцизите, нека се намали ДДВ-то на 5%, нека се намалат горивата за 15 до 20 денари, па да има некако бенефит да имаат граѓаните. Мислам дека ќе биде ужасно тешка зима за сите наши граѓани. За жал, власта не покажа разбирање“, потенцираше Филипче.

Линк до видео: