Соопштение за јавност
Мицкоски го зголеми долгот од 8 на 12 милијарди евра за две години, и тој долг ќе го враќаат следните генерации, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче укажа дека додека власта трупа милијарди нови долгови, ништо од тие нови задолжувања не се насочени кон инвестиции што ќе ја зголемат продуктивноста, ниту пак ќе донесат некаков директен бенефит за граѓаните.
„Нема пари, планираат само нови задолжувања. Долгот во 2024 година беше 8 милијарди евра, тие сега со новото предвидено задолжување од 1,3 милијарди евра ќе го зголемат на 12 милијарди евра. 50% е зголемен долгот за нецели 3 години од оваа власт. Што бенефит видоа граѓаните од тоа задолжување?Ништо.Ние се задолжуваме за да трошиме. Ништо што ја зголемува продуктивноста, ништо што носи бенефит за граѓаните, барем во оваа криза на едно такво задолжување што не дадоа за некои предлог-мерки, финансиска поддршка, како ние што дававме“, рече Филипче.
Тој потсети дека во периодот на владите на СДСМ во најголемите кризи, имаше пакет конкретни мерки за сите граѓани и за компаниите, а сега власта не носи никакви мерки.
„Две милијарди евра се поделија во ковид-кризата и кога почна војната во Украина.Имаше пакети финансиска помош за студенти, за пензионери, за социјално ранливи граѓани, имаше поддршка за компаниите, се субвенционираше струјата“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ предупреди дека доколку Владата продолжи со ваквите неодговорни и лоши политики на задолжување, иднината на државата е во сериозен ризик.
„За 50%, е зголемен вкупниот долг, 12 милијарди евра – од независноста не бил толкав. Милијарда евра се потрошени и ќе ги враќаат следните генерации. И што гледаме ние? Ова води во амбис.“ рече Филипче.
Линк до видео:



