ВМРО-ОКГ пак ја вклучи медиумската машинерија на Латас.
Нема демант на патоказите. Нема одговор за Лаура Ковеси. Има „психолошка состојба“, има Заев, има Радев, има „таен договор“.
Класично бегство. Кога фактите болат, се праќа лекар.
Прашањето за уцена не е за Филипче. Туку е за арамијата.
Од Груевски – истиот круг, истите тендери, истиот увоз на струја, аутобуси.
Бегалец му е шеф, а тој денеска е шеф на бандата.
Од Орбан – медиуми, кинески кредит, каса.
Од Вучиќ – Алта банка, осигурување, медиуми, Стоилковиќ, Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска, струја, броила, БИА, митинзи, пасоши, Младиќ.
Три далечински. Еден извршител – арамијата Мицкоски.
Затоа не сака европско обвинителство. Треба да одговара за криминал и корупција.
Затоа патоказ добиваат други. Затоа „не по секоја цена“. Затоа Шемаџијата зборува на неговиот јазик.
Затоа руската Левица, ЗНАМ, платформа од кафеана седат на иста маса.
Уценет не е тој што именува. Уценет е тој што не смее да влезе кај Лаура Ковеси и европско обвинителство.
Бугарски пасоши во сопствените редови. Пратеници. Министри. Семејство. Фирми во Бугарија. Па после другите ги обвинуваат за Радев.
Гебелс: обвини го другиот за тоа што го правиш самиот.
СДСМ нема дилема. Нема лекарски наод. Има банда што бега од истрага и се повикува на медицина.
Народот не е наивен. Уцената има име. Се вика ВМРО-ОКГ. Седи во владата. И одговара кога обвинителот повеќе не е на телефон.
А за банда не треба лекарски наод. Треба налог за во Шутка и Идризово.



