Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека со блокирањето на европскиот пат и држењето на државата во изолација, Христијан Мицкоски ги загрозува националните интереси.
„Предавник и предавници се Христијан Мицкоски и неговата банда, коишто држејќи нè во изолација го загрозуваат нашиот идентитет. Заради тоа што не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Ете тоа е Христијан Мицкоски, еден голем предавник на националните интереси“, порача Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче посочи дека по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, паднаа во вода тврдењата на Мицкоски кои го претставуваат европскиот пат како закана за македонскиот идентитет и националните интереси.
„После посетата на претседателката Фон дер Лајен, остана само едно прашање – кој е сега предавник? Сите лаги на Христијан Мицкоски паднаа во вода. Претседателката на Европската комисија кажа јасно и гласно, ве чекаме во Европска Унија со вашиот идентитет и вашиот јазик“, рече Филипче.
Тој посочи дека Мицкоски повеќе не може да ги лаже граѓаните и да се претставува како политичар кој ги штити националните интереси, бидејќи, како што оцени, тие се заштитени и потврдени во рамки на европскиот пат.
„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата. Тој веќе таа лага нема да може да ја користи“, рече Филипче.
Филипче потсети и дека тврдењата на Мицскоски и ВМРО за загрозеноста на македонскиот идентитет се покажаа како лага, потсетувајќи и на претходните ставови на Мицкоски за Преспанскиот договор.
„Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор, дека со него и ВМРО нема да биде завршена работа Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката, Гордана Сиљановска, потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет. Лажеа дека протоколите се дел од преговарачката рамка. За да веќе сега, после повеќе од 4 години, од првиот момент, кога требаше да се продолжат преговорите со Европската Унија, од првата посета на претседателката Фон дер Лајен кај нас, значи веќе пета година, Христијан и неговата банда нè кочи и нè држи во место, сега кажуваат протоколите не се дел од преговарачката рамка.“, потенцираше Филипче, на денешната прес конференција.
Линк до видео:
