Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма, како први приоритети на Мастер планот на СДСМ, ги посочи продолжувањето на европскиот пат и потребата од правда преку соработка со Европското обвинителство, ревизија на старите случаи и истрага на новите случаи за кои постојат сомнежи.
„Прва работа е продолжување на европскиот пат. Да знаат граѓаните дека ние сметаме, како што огромното мнозинство, близу 80% од граѓаните сметаат, дека ние немаме друга алтернатива освен Европа. Потоа, потребата за правда. Два специјални закони. Еден за соработка со Европското обвинителство, евентуално, согласно тој специјален закон. Ревизија на случаите кои создаваат немир во општеството. Не бегам ниту од јас , од било каква одговорност“, рече Филипче.
Тој посочи дека за проширување на соработката со Европското обвинителство постојат правни механизми и дека оваа соработка треба да биде насочена кон случаи од особено значење за јавноста.
Филипче побара ревизија на сите случаи кои создаваат немир во општеството и рече дека тие треба да бидат проверени од европските обвинители.
„Ревизија на случаи кои создаваат немир во општеството. Модуларната болница, нека ја ревидираат европските обвинители. Случајот со мазут. Нека се истражи, да се види што е позадината. Ама и сите овие сега случаи кои ние ги објавуваме, на кои сериозно се сомневаме, има корупција и зад кој стои ВМРО, нека ги истражат европските обвинители“, посочи Филипче.
Филипче укажа и на унгарскиот кредит, оценувајќи дека прашањата поврзани со неговото користење треба да бидат предмет на истрага.
„Да знае јавноста, да знаат дека премиерот и целата Влада е веќе осомничена за криминал или за несоодветно постапување во врска со унгарскиот кредит. Новиот унгарски, на пример, покрената е истрага за тоа. И тоа е сериозна работа. И тоа е сериозен товар за реномето на државата и за премиерот сега“, рече Филипче.
Како дел од Мастер планот, Филипче предложи и посебен закон за ветинг на сите функционери, со цел, како што рече, да се направи проверка без исклучок.
„Специјален закон за ветинг. Ајде, ветингот да го направиме. Посебен закон за ветинг на сите функционери. Мене прв. И сите други од времето на СДСМ, вклучувајќи ги и Зоран Заев, и Радмила Шекеринска, и Петрe Шилегов. Нека се види и нека се провери после тоа. Но и сите сегашни функционери на ВМРО, на чело со премиерот Христијан Мицкоски“, истакна Филипче.
Линк до видео:
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2250029542523210

