Филипче: Морав јасно да му кажам на Мицкоски дека не може да ги навредува граѓаните, времето ќе ме потврди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Директно“ на Телма телевизија, одговарајќи на прашањето за употребата на зборот „идиот“ за Мицкоски, рече дека премиерот нема право да ги навредува и потценува граѓаните.

„Морав јасно и гласно да му кажам дека не може да ги навредува граѓаните. Тој нема право да го прави тоа, не може да ги потценува. Тоа времето ќе го покаже. Тоа времето само ќе докаже сè повеќе и повеќе“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче истакна дека остриот политички речник има цел да ја предупреди, да ја алармира јавноста за последиците од криминалните политиките на власта кои ја водат државата во пропаст.

„Ова е политички јазик кој треба да ги разбуди сите и да им каже за што станува збор тука. Да им кажам на сите: внимавајте, отворајте очи, не подлегнувајте на пропагандата, на политичките трикови на Христијан Мицкоски, затоа што тоа ја води државата во пропаст“, потенцираше Филипче.

Тој ги поврза критиките кон власта со ниските плати, тешката состојба во земјоделството и блокираниот европски пат.

„Нема зголемување на минималната плата. Нема пари да се зголеми минималната плата, како што третпат бараме, на 600 евра. Три минимални плати не се доволни да ги покријат трошоците во потрошувачката кошничка“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2250029542523210