Филипче: СДСМ нуди план за Европа, правда и повисоки плати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма, откри што содржи Мастер планот на СДСМ и потенцираше дека европскиот пат, враќањето на правдата, подобрувањето на животниот стандард и платите на граѓаните се клучните приоритети на партијата.

„Прва работа е продолжување на европскиот пат. Да знаат граѓаните дека ние сметаме, како што огромното мнозинство, близу 80% од граѓаните сметаат, дека немаме друга алтернатива освен Европа. Потоа, потребата за правда. Два специјални закони. Еден за соработка со Европското обвинителство, евентуално, согласно тој специјален закон. Ревизија на случаите кои создаваат немир во општеството. Не бегам ниту од јас, ниту од било кој од одговорност“, рече Филипче.

Во делот на економскиот стандард, Филипче најави враќање на прогресивниот данок и мерки за зголемување на платите, посочувајќи дека подобрувањето на стандардот и правдата се приоритет на СДСМ.

„Прогресивен данок. Ќе го вратиме прогресивниот данок, затоа што е тоа правилна прераспределба на капиталот. И на овој начин општеството ќе биде мирно. Ќе се врати правдата, ќе им се вратат со посебен пакет мерки пари и со детални анализи од каде ќе биде изворот за зголемување на платите, на минималната плата. Затоа што ние покажавме дека минималната плата може да се зголеми и во криза“, порача Филипче.

Филипче посочи и на можностите што ги отвора европскиот пат за инвестиции и подобрување на стандардот, посочувајќи ги неповратните европски средства како важен извор за идниот развој.

„Внимавајте, скапи кредити се планираат за железници. А такви железници, кога ќе започне европскиот пат, може да се изградат со неповратни средства. Е, понатаму парите, кога ќе стигнат неповратни средства за зголемени плати и пензии и така натаму. Тоа е изворот, така зајакнале сите други земји, така зајакнала Бугарија, така зајакнала Хрватска, Романија и така натаму“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче потенцираше дека продолжувањето на европскиот пат е клучно за економскиот развој и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Ќе почнат преговорите, ќе се реформира системот, ќе се минуваат законите по терк од Европа, ќе дојдат најбитно од сè неповратните грантови за проекти за кои сега оваа Влада планира скапи кредити“, рече Филипче.

Филипче посочи дека СДСМ ќе продолжи да се залага за европска иднина, правда и подобар стандард за граѓаните.

„И ќе има правда, и ќе има стандард, и ќе има Европа. И од оваа борба. Ама апсолутно никој. Нема да може да ме откаже. Ни мене, ни партијата“, порача Филипче.

Линк до видео:

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/2250029542523210